Европската агенција препорача да не се лета за Тел Авив

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај соопшти дека силно им препорачува на авиокомпаниите да ги избегнуваат летовите за Тел Авив. Претходно американската Федерална авиоуправа соопшти дека на американските превозници им било забрането во наредните 24 часа да летаат за Тел Авив поради оружените судири во Израел. Ракета истрелана од Газа вчера падна во близина на главниот израелски аеродром при што било рането едно лице. Луфтханза, Ер Франс и Алиталија соопштија дека, од безбедносни причини, ги откажуваат сите летови за Тел Авив.