Воена вежба ќе затвори 12 кинески аеродроми

Илустрација.

Дванаесет аеродроми во источниот дел на Кина, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во Шангај, речиси еден месец ќе бидат затворени за сообраќај поради одржување на воени вежби. Во периодот од 20 јули до 15 август на овие аеродроми нема да има цивилни летови.
Од Цивилно воздухопловство во Кина се уште нема коментар за ваквата одлука. Аеродромите во источна Кина се меѓу најпрометните во земјата. Минатата година, шангајските аеродроми Пудонг и Хонгиао сами опслужиле повеќе од 82 милиони патници што претставува околу 11 проценти од вкупниот број на патници.