Кинески град во карантин поради чума

Делови од северниот кинески град Јумен се ставени во карантин, поради епидемија од чума, соопштија државните кинески медиуми.

Кинеската новинска агенција Ксинхуа соопшти дека 151 човек се ставени под опсервација, откако властите утврдиле дека луѓето имале контакт со човекот кој почина од чума на 16 јули. Човекот кој почина добил бактериска инфекција од мртов мрмот со кој сакал да го нахрани своето куче. Сите луѓе кои се во изолација се во добра здравствена состојба, но 10 контролни пунктови се уште го блокираат делот од градот кој е под карантин, јавува Ксинхуа.