Украина со истрага за рускиот министер за одбрана

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу

Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека отворило истрага против рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и рускиот олигарх Константин Малофеев. Шојгу е под истрага за нелегално организирање на вооружени групи во источна Украина за нападите врз властите и убиство на луѓе и други криминални дела. Малофеев е осомничен за неговата улога во финасирањето на тие групи.