Британија ќе ги анализира црните кутии од малезискиот авион

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека по барање на холандските власти земјата ќе ги испитува црните кутии од соборениот малезиски авион во источна Украина. Белгиското министерство за одбрана соопшти дека нивен воен авион е на пат до Киев од каде треба да ги собере кутиите. Проруските сепаратисти претходно им ди предадоа кутиите на малезиски експерти.