Кери го повика Хамас на разговори за примирје

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери оствари средба со претставници на египетските власти во Каиро со цел да се стави крај на борбите помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Кери говорејќи по средбата со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри го повика Хамас да се согласи на разговори врз основа на египетскиот предлог за прекин на огнот. Во минатата недела Израел го прифати предлогот за примирје, но Хамас го одби.