Јолевски-Поддршката од Бугарија е од исклучително значаење

Mинистерот за одбрана Зоран Јолевски.

Mинистерот за одбрана Зоран Јолевски, по денешната средба со неговиот бугарски колега Ангел Најденов во Софија изјави дека Македонија има стратешки цели, а тоа е членството во ЕУ и во НАТО и во тој контекст поддршката од Бугарија е од исклучително значење. Според него, двете министерства имаат добра соработка, која ќе продолжат и во иднина да ја продлабочуваат и унапредуваат.

Најденов изјави дека Бугарија ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија. Тој изрази очекување дека Македонија ќе ги исполни сите критериуми за членство, вклучувајќи го и принципот на добрососедство.