Возот со телата на жртвите пристигна во Харков

Харков, 22.07.2014

Возот со телата на жртвите од соборениот малезијски авион во источна Украина, пристигна во Харков, кој е под украинска контрола. Од таму, телата ќе бидат испратени во Амстердам, од каде што полета авионот на Малезијан Ерлајнс, Најголемиот дел од 298-те жртви се холанѓани.