Министерот Јолевски во посета на Бугарија

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, денеска ќе престојува во официјална посета на Софија, Република Бугарија.

Како што е најавено, ќе има средба со неговиот бугарски колега Ангел Најденов.

Во рамки на посетата на Софија, министерот Јолевски ќе се сретне и со заменик-министерот за надворешни работи, Тодор Чуров, со претседателот на Парламентот на Бугарија, Михаил Миков и со претседателот на Комитетот за внатрешна безбедност и јавен ред.