Времето претпладне сончево, попладне нестабилно

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во попладневните часови. На места ќе има изолирана појава на невреме проследена со град и со силен ветер и со силнo изразени електрични празнења.

Во вечерните часови ќе има извесно стабилизирање на времето, односно преодно стабилизирање на времето и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места повремено ќе се засилува.

Утринската температура се движи од 15 до 22, а дневната ќе биде од 25 до 32 степена.

Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во охридско-преспанскиот регион во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. Утринската температура се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во дојранскиот регион ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Утринската температура се спушти до 22, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

До крајот на неделава ќе преовладува сончево и претежно посвежо време со повремени врнежи од дожд особено во попладневните часови кои ќе бидат проследени со ретки грмежи. Од четврток температурата ќе биде во постојан пораст.