Најмалку 60 жртви во серија напади во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 60 лица загинале во серија напади во земјата. Најголем дел од жртвите се од покраината Фариаб, каде од 18 јули се водат борби помеѓу владините сили и талибанците. Според локалните власти, досега загинале 8 полицајци и 15 милитанти. Престрелката започнала кога околу 300 милитанти нападнале контролен пункт.

Во меѓувреме еден цивил и еден полицаец загинале во самоубиствен бомбашки напад во покраината Хелманд. Министерството за одбрана соопшти дека околу 30 милитанти загинале во последните 24 часа во воените операции во неколку покраини. Тројца војници загинале во експлозија на бомби поставени покрај патот.