Протести на Србите од северниот дел на Косово

Србите од северниот дел на Косово денеска ја повикаа меѓународната заедница и европската мисија ЕУЛЕКС да им дадат можност на сите уапсени Срби да се бранат од слобода. Во спротивен случај, како што нагласија на протестот, ќе бидат принудени да ја прекинат соработката со ЕУЛЕКС. Според нив, доколку „продолжи хајката против Србите, пратениците, градоначалниците и општинските советници ќе го преразгледаат учеството во сите институции на територијата на Косово“.