Обвинителот Вилијамсон во посета на Косово за трговијата со органи

Американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон, кој ќе ги истрaжува тврдењата на Дик Марти за тргoвијата со органи за време на косовската војна е во посета на Приштина. Тој веќе се сретнал со претседателката Атифете Јахјага, а ќе разговара и со косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи.

Попладне се очекува Вилијамсон да даде изјава за новинарите и јавно да каже за истрагата околу тврдењата дека припадници на ОВК вршеле шврец на органи.