Најмалку 500 Палестинци загинале во израелската офанзива

Израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Најмалку 500 Палестинци загинале во последните две недели, а 268 откако започна израелската копнена офанзива врз Појасот Газа на 17 јули. Околу 20 израелски војници и цивили загинале за време на конфликтот. Израелската војска соопшти денеска дека убила 10 милитанти во борбите со две оделни групи кои преминале во Израел преку тунелите од Појасот Газа.