Украина подготвена истрагата да и ја довери на Холандија

украинскиот премиер Арсениј Јацењук

Украина е подготвена раководењето на меѓународната истрага за соборениот малезиски патнички авион да и ја довери на Холандија, земја која е најмногу погодена од трагедијата. Ова денеска во Киев го изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук. Холандски експерти веќе се на местото на несреќата и вршат истражувања врз телата на настраданите. „Подготвени сме телата да ги испратиме во Амстердам заради сите неопходни и независни вештачења“, додаде Јацењук. Во падот на авионот загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.