Напад на украинските сили во Доњецк

Самопрогласениот проруски сепаратистички лидер Сергеј Кавтараѕе изјави дека украинските сили ги нападнале бунтовничките позиции во градот Доњецк. Според него, најмалку четри украински тенкови и оклопни возила се обидувале влезат во градот. Борбите биле сконцентрирани околу градската железничка станица. Градскиот совет на Доњецк ги предупреди граѓаните да останат во домовите. Дека имало напад потврди и официјален Киев, без да наведе дополнителни детали.