Кери ќе патува во Каиро за да побара прекин на борбите во Газа

Американскиот претседател Барак Обама му соопштил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека државниот секретар Џон Кери "наскоро" ќе патува во Каиро со цел да побара прекин на борбите во меѓу Израелците и Палестинците во Појасот Газа. Белата куќа не прецизира кога ќе се случи патувањето. Според транскриптотот на разговорот, Обама "покажал сериозна загриженост за растечкиот број на жртви, вклучувајќи го зголемување на палестинските цивилни жртви и губење на израелските војници." Вчерашниот ден беше најкрвавиот ден во речиси двонеделната борба, во која 13 израелски војници загинале, а 87 Палестинци биле убиени. Претходните понуди за прекин на огнот од страна на Египет беа одбиени од исламистичката група Хамас која ја контролира Газа.