Британија,Франција и Германија од Путин бараат пристап до местото на несреќата

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија се согласиле за воведување поостри мерки против Русија, ако претседателот Владимир Путин не обезбеди од про-руските сепаратисти целосно слободен пристап за истражителите до местото на несреќата на Малезискиот авион.
Канцеларијата на францускиот претседател Франсоа Оланд објави соопштение во кое се наведува дека тој веќе разговарал телефонски со германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон. Ако Русија итно не ги преземе потребните мерки, Советот за надворешни работи на ЕУ што ќе се одржи на 22 јули,ќе утврди какви ќе бидат последиците, предупредија тројцата лидери.