Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите во Багдад


Екстремистичката група Исламска држава ја презема одговорноста за серијата бомбашки напади во шиитските квартови на Багдад во кој загинаа најмалку 27 луѓе. Групата соопшти дека нивните борци се одговорни за вчерашните самоубиствени бомбашки напади во Багдад. Во меѓувреме ирачките христијани си заминаа од Мосул, откако милитаните од Исламската држава се заканија дека ќе ги убијат , ако не се конвертираат или да плаќаат посебен данок.