Триполи-Напад врз аеродромот

Исламските милитанти го нападнале аеродромот во Триполи,два дена откако пропадна прекинот на огнот со ривалската група бунтовници.Аеродромот бил нападнат со истрели од ракети и од тенкови,изјави официјален претставник на аеродромот во Триполи. Исламските милитанти прв пат го нападнаа овој аеродром минатата недела, по што сите летови беа откажани. Поради костантните напади тешко оштетени се повеќе авиони како и инфраструктурата на аеродромот,па официјалните претставници наведуваат дека аеродромот ќе биде затворен неколку месеци.