На „Богородица “ се чека по 40 минути за влез во Грција

На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен граничниот премин „Богородица“ каде што времето на чекање е 30-40 минути, од македонската страна.

Нешто помалку се чека на грчката страна од преминот, но зголемена фрекфенција таму се очекува вечерва, кога граѓаните се враќаат од викенд.