Израел ја прошири копнената офанзивата во Газа

Повеќе од 20 Палестинци се убиени во текот на ноќта во појасот Газа откако Израел ја прошири копнената офанзива против Хамас на 13 от ден од почетокот на судирите. Израелската страна објави дека копнената операција е неопходна за да се се уништат тунелите на Хамас ископани кај границата со Израел кои не можеле да ги уништат од воздух. Очевидци јавија дека израелски тенкови влегле во Газа и оти стотици жители ги напуштиле своите домови. Според болнички извори има многу тела кои лежат по улиците, но огненото оружје е премногу интензивно што оневозможува амбулантните возила да стигнат до голем дел од областа.