Сепаратистите овозможија само ограничен пристап до несреќата

Вооружените сепаратисти во источна Украина повторно ги спречија меѓународните инспектори да дојдат до остатоците од малезиската авионот што се урна со 298 патници .
ОБСЕ соопшти дека на тимот на монитори им било дозволено да посетат само дел од полето распослано со остатоци од авионот. Сепаратистите вчера на инспекторите им го ограничија пристапот до местото на несреќата. Претседателот Петро Порошенко во соопштение наведе дека нема да толерира мешање во работата на меѓународните инспектори. Претходно, денеска, Владата на Украина ги обвини сепаратистите дека се обидуваат да ги уништат доказите за несреќата со помош на Русија.Командантот на бунтовниците им кажа на тимот на ОБСЕ дека сепаратистите не ги допреле доказите и оти не е најдена црната кутија на авионот.