Сепаратистите овозможија пристап до местото на несреќата

Вооружените сепаратисти во источна Украина им дозволија на меѓународните инспектори да го посетат местото на кое се урна Малезискиот авионот со 298 патници. Бунтовничкиот командир им кажа на претставниците од Организацијата за безбедност и соработка во Европа дека сепаратистите не ги допреле доказите и оти не е најдена црната кутија на авионот. Сепаратисти вчера им го ограничија пристапот на инспекторите до остатоците од авионот. Владата на Украина денеска ги обвини сепаратисти дека се обидуваат да ги уништат доказите за авионската несреќа со помош на Русија. Инспектори на Интерпол и Европол денеска треба да пристигнат во Украина за да помогнат во идентификацијата на жртвите во несреќата.