Украинските сили ја презедоа контролата врз Луганск

Украинските трупи ја презедоа контролата врз градот Луганск во источниот дел на земјата соопшти денеска украинското Претседателство. Во соопштението на веб-страницата на претседателот се наведува дека Министерот за одбрана, Валери Гелетеј , му кажал на претседателот Петро Порошенко дека украинските вооружени сили ја презеле контролата во југоисточниот дел на Луганск. Во соопштението се додава дека војниците, исто така, го опколиле аеродромот во Луганск кој беше едно од најважните упоришта на бунтовниците.