Времето денеска -сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Температурата ќе се движи од 23 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 32 степени.

Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло.

Од вторник повторно се очекува дестабилизација со поројни врнежи од дожд и грмежи.