Обама-Малезискиот авион бил соборен од ракета

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека доказите индицираат оти малезискиот патнички авион бил соборен од ракета земја-воздух од реонот, кој е под контрола проруските сепаратисти во Украина. Според него, сепаратистите постојано добивале оружје од Русија, вклучувајќи и против воздушно оружје. Тој порача дека Украина, Русија и сепаратистите мора да се придржуваат до прекин на огнот и да не се мешаат во меѓународната истрага за случајот.

Обама уште еднаш нагласи дека Русија одбила да ги преземе потребните чекори за деескалација на кризата во источна Украина и земјата и натаму го нарушува суверенитетот на Украина и го поддржува насилството на сепаратистите.