Грузија ја ратификуваше спогодбата со ЕУ

Грузискиот парламент денеска едногласно ја ратификуваше Спогодбата за асоцијација со Европската унија која беше потпишана на 27 јуни во Брисел. Покрај Грзија спогодбата ја потпишаа и Украина и Молдавија. На седницата присуствуваше и еврокомесарот за проширување Штефан Филе како и министрите за надворешни работи на Летонија и на Бугарија.