До 100 активисти и истражувачи на сида загинале во несреќата

Јоеп Ланге

Светската заедница на заболени од сида соопшти дека жали за загубата на експертите за болеста кои беа меѓу 298 патници и членови на екипажот кои загинаа во падот на малезискиот авион. Тие патуваа на глобалната конференција за сида во Австралија. Меѓу нив бил и Јоеп Ланге, кој ја истражуваше болеста и ХИВ вирусот повеќе од 30 години и беше поборник за пристап до поволни лекови против сидата.

Програмата на ОН за сида соопшти дека се стравува оти некои од најголемите академици, здравствени работници и активисти можеби загинале. Портпаролот на Светската здравствена организација, Глен Томас исто така бил во авионот, како и сто учесници на конференцијата.