Македонија и Србија со договор за возачките дозволи

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија Небојша Стефановиќ и Гордана Јанкулоска денеска во Белград потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на возачките дозволи на двете земји. На заедничката прес конференција по потпишувањето беше потсетено дека спогодбата треба да биде ратификувана во парламентите на двете земји. „Ќе се трудиме тоа да биде што е можно поскоро“, изјави српскиот министер Стефановиќ.