Грузискиот парламент за Спогодбата со ЕУ

Грузискиот парламент денеска треба да ја ратификува Спогодбата за асоцијација со Европската унија која беше потпишана на 27 јуни во Брисел. На седницата се очекува да присуствуваат еврокомесарот за проширување Штефан Филе како и министрите за надворешни работи на Летонија и на Бугарија. Филе би требало да обелодени нова финансика поддршка за Грузија за спроведување на неопходните реформи во судството.