Путин: трагедијата покажа дека е потребно решавање на кризата

Рускиот претседатрел Владимир Путин денеска оцени дека трагедијата со малезискиот авион во која настрадаа 298 луѓе во близина на украинско руската граница, покажува оти е неопходно итно решавање на кризата во Украина. „Падот на авионот мора да биде истражен целосно, детално и објективно“, наведува Путин во соопштението по упатеното сочувство до холандскиот премиер Марк Руте поради големиот број холанѓани кои загинаа во трагедијата.