Загинати во израелската копнена операција во Газа

Десетина палестинци и еден израелски војник биле убиени по синоќешниот почеток на израелската копнена операција во Газа за запирање на ракетирањата од палестинска територија. Во соопштението на израелската војска се наведува дека палестинците биле убиени во многубројни престрелки откако биле нападнати лансирни рампи за ракети и тунели на милитанти на Хамас. Израел ја интензивира својата единаесетдневна воена кампања против лидерите на Хамас, откако и по воздушните напади од Газа не престанале ракетирањата врз израелска територија. Во досегашната операција загинале над 250 палестинци.