Апелација ја потврди пресудата на Вранишковски

Расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 за расчинетиот владика Јован Вранишковски и условните казни за неговите следбеници, меѓу кои и неговата мајка и сестра. Според првостепената пресуда, Вранишковски беше осуден три години затвор за перење пари. Апелацискиот суд ја одби жалбата на Вранишковски како неоснована.

Според обвинението, во периодот од 1998 до 2002 година Вранишковски и неговите соработници преку купување имот проневериле околу 240 илјади евра.