ОН со истрага за ракетите пронајдени во училиште во Газа

Агенцијата на ОН за палестински бегалци соопшти дека отворила истрага по пронаоѓањето на 20 ракети кои биле скриени во едно од нејзините училишта во Појасот Газа. Од агенцијата го осудија инцидентот, кој според нив претставува флагрантно кршење на меѓународните закони. Израел ги обвини палестинските милитанти дека ги користат цивилните објекти за да чуваат и лансираат ракети, како и тоа дека ги користат цивилите како човечки штит.