Грчева и Буралиева се вклучија во работата на Парламентот

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница го поздравија вклучувањето на пратеничките од СДСМ Солза Грчева и Љубица Буралиева во работата на парламентарните тела. Според нив, ваквиот чекор треба да го следат и останатите колеги од опозицијата зашто тоа е единствен начин за решавање на проблемите и спроведување на реформите.