Убиени 15 милитанти во Ирак

Ирачките безбедносни сили убиле 15 милитанти за време на нападите во северниот дел на земјата. Властите соопштија дека милитантите од Исламската држава на Ирак и Левант го нападнале градот Амирли, но ирачките безбедносни сили возвратиле со воздушни напади. Во меѓувреме во Багдад 4 лица загинале, а 12 биле повредени во експлозија на бомба во близина на шиитска џамија.