Започна ревизијата на гласовите од изборите во Авганистан

Пребројувањето на гласовите по изборите во Авганистан

Авганистанската изборна комисија денеска ја започна ревизијата на 8 милиони гласачки ливчиња од вториот круг на претседателските избори во земјата. Според нив, ревизијата ќе трае најмалку три недели, при што стотина тимови биле ангажирани за пребројувањето на гласовите. Ревизијата, која ќе биде проследена и од меѓународни набљудувачи беше одобрена од двајцата кандидати Абудла Абдулах и Ашраф Гани со цел да се избегне насилството по наводите за нерегуларности на изборите.