Истрелани гранати врз Израел од Појасот Газа

Израелската војска тврди дека три минофрлачки гранати биле истрелани од Појасот Газа на нивна територија и покрај шестчасовното хуманитарно примирје. Инцидентот се случил по два часа откако примирјето стапи на сила. Се уште нема извештаи за жртви или некаква штета. Хамас не ги коментираше наводите. Израелската војска соопшти дека примирјето ќе трае денеска од 9 до 15 часот по средноевропско време. Примирјето е по барање на ОН.