Пад на руските берзански акции по американските санкции

Акции на руската берза падна за околу 3 проценти ден по објавата за новите американски санкции врз Русија поради улогата на Москва во украинската криза.

Акциите на Роснефт, најголемата нафтена компанија во Русија, падна за 5,4 проценти, додека акциите на Новатек, најголемата компанија за гас, паднаа за 6,8 проценти.

Вредноста на рубљата падна во однос и на американскиот долар и еврото.