ЕУ не успеа да избере наследници на Ештон и на Ромпуј

Лидерите на ЕУ не успеаја да изгласаат нов шеф на европската дипломатија на местото на Кетрин Ештон, ни наследник на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј. Шефовите на европските влади се собраа во Брисел во надеж дека ќе се договорат за барем една од функциите, но неколкумина учесници побараа пакет-договор, односно истовремено поставување и на шефот на дипломатијата и на претседателот на Советот. Изборот е со консензус. Италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини важеше за фаворит за шефица на европската дипломатија, но ја сметаат за проруски настроена, додека на фаворитот за претседател на Европскиот совет, данскиот премиер Хеле Торинг-Шмит, му недостига поддршка од Франција. Одлуката за овие две позиции е одложена за наредниот Самит на ЕУ што треба да се одржи на 30 август.