Филе-Превенцијата е поевтина, од санацијата по несреќите

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе денеска изјави дека одговорноста за обнова од поплавите пред се е на Србија и на Босна и Херцеговина, кои треба да се вклучат во регионалните и европските програми на одбрана од природни катастрофи. Според него, превенцијата е поевтина од санацијата по несреќите. Тој на Донаторската конференција за обнова на Србија и на БиХ по поплавите во мај наведе дека е во план организирање на уште една конференција на која ќе се види како биле искористени собраните средства.

Европската комесарка за хуманитарна помош и вонредни ситуации Кристалина Георгиева наведе дека Србија и БиХ не се сами во соочувањето со последиците од поплавите.