Хаг-Холандија одговорна за смртта на 300 муслимани во Сребреница

Жените од Србреница пред судот во Хаг пред да започне процесот против Холандија

Хашкиот суд денеска донесе одлука дека Холандија е одговорна за смртта на 300 муслимани убиени од страна на српските сили во босанскиот град Сребреница во 1995 година. Судот пресуди во корист на тужителите, роднини на некои од жртвите во масакрот во Сребреница, во кој српските сили убија над 8.000 Бошњаци. Сребреница во 1995 година беше под заштита на холандските миротворци, кои без борба го предадоа градот на српските сили.