Во напад со беспилотно летало во Пакистан, десетина загинати

Во денешниот напад извршен со американско беспилотно летало врз засолниште на милитантите во Северен Вазиристан биле убиени најмалку 13 луѓе, јавуваат новинските агенции, повикувајќи се на пакистански претставници. Американската влада веќе неколку години врши притисок врз Пакистан да покрене офанзива во подрачјата кои граничат со Авганистан, а кои станаа главни засолништа за милитантите кои вршат напади во двете земји.