Организацијата БРИКС стартуваше новата банка за развој

Лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка

Организацијата БРИКС на растечките пазарни економии ја стартуваше новата банка за развој со резервен фонд од 100 милијарди долари. Формирањето на новите финансиски механизми беше објавено по вчерашниот состанок на лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка во бразилскиот приморски град Форталеза.

Претседателката на Бразил, Дилма Русеф, изјави дека Новата банка за развој ќе биде со седиште во Шангај и оти нејзиниот прв претседател ќе биде од Индија.

Почетниот капитал е 50 милијарди долари. Банката треба да биде пандан на Светската банка и ММФ, на кои се гледа како на организации под доминација на САД и на ЕУ. Самитот на БРИКС продолжува денеска во Бразилија со проширени разговори со лидерите од Јужна Америка.