Временска прогноза - Претпладне сончево, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 32 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 29 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.