Украина ја обвинува Русија за воздушен напад

Транспортниот авион кој беше соборен од ракетен напад во источна Украина.

Украинските власти соопштија дека Русија имала улога во воздушниот напад во источна Украина во кој загинаа најмалку 4 лица. Проруските сепаратисти го обвинуваат Киев за нападот при кој беше уништена една зграда за домување. Но, украинската војска соопшти дека нејзините авиони не летале откако вчера беше соборен нивниот транспортен авион. Според нив, тие имаат докази дека ракетата која го соборила авионот потекнува од руска територија.