Запона самитот на БРИКС во Бразил

Во Бразил денеска започна три дневениот самит на земјите од групата БРИКС- Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Лидерите на земјите кои учествуваат се сретнаа во североисточниот град Форталеза од каде утре ќе продолжат за Бразилија. Се очекува лидерите да лансираат нова банка за развој и фонд за резерви вреден 100 милиони долари, кои ќе бидат замена за Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.