Хрватска го усвои законот за истополови бракови

Хрватска денеска го усвои Законот за животно партнерство на лица од ист пол. Според законот, хомосексуалните двојки ќе ги уживаат истите права, како и брачните партнери, освен правото на посвојување дете. Законот беше усвоен со 89 гласови „за“ и 16 „против“. Неговото усвојување беше проследено со аплауз од галеријата, од каде седницата ја следеа активисти за права на ЛГТБ лицата.