Израел со нови напади врз Појасот Газа

Израелската војска соопшти дека ги продолжила воздушните напади врз Газа, откако милитантите на Хамас го прекршиле планот за Египет за прекин на огнот. Според нив, по шестчасовната пауза Израел повторно ги започнал операциите во Газа. Војската соопшти дека за време на паузата милитантите од Газа истрелале 50 ракети врз Израел.